Skip to main content

Пожар во близина на охридското село Лактиње

Избувна пожар во близина на охридското село Лактиње, во Општина Дебрца.

 |  Голабовски Крсте  | 
strnishte
стрниште

strnishteИзбувна пожар во близина на охридското село Лактиње, во Општина Дебрца. Од Противпожарната територијална единица од Охрид не информираа дека станува збор активен пожар, најверојатно предизвикан од палење на стрништа во овој реон.

Од противпожарната единица додаваат дека две возила веќе се упатени кон локацијата, а се преземаат сите мерки за негово локализирање.

Палењето стрништата се казнува со шест до осум илјади евра за правни и 1,5 до три илјади за физички лица, информираат  од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

{loadposition content9}