Нема повредени лица
Пожар на скутер на Охридското крајбрежје
Опожарен е скутер во сопственост на 49-годишен охриѓанец. Пожарот се случил на плажа на Охридското крајбрежје.
На 22.07.2022 година во 07:24 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на скутер на плажа на Охридското крајбрежје во кој нема повредени лица.
Од извршениот увид констатирано е дека скутерот марка „баотијан” е во сопственост на Д.В.(49) од Охрид. По наредба на Јавен обвинител скутерот е подигнат за понатамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


