На 03.12.2024 во 09.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на 59 годишно лице од охридското село Пештани, кое било паркирано пред плажа на брегот на Охридското езеро. Повредени лица нема, а увид на местото, по наредба на јавен обвинител, извршија полициски екипи, известуваат од СВР Охрид.