Skip to main content

ТППЕ Охрид

Пожар на три објекти на ул. „Гоце Делчев“ предизвика голема материјална штета

Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.
 |  инфодеск  | 

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Охрид известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид, од 00:40 минути по полноќ до 04:00 часот утрово, со седум пожарникари и три противпожарни возила интервенирале на запалени три објекти на улицата Гоце Делчев број 189 во Охрид. Во пожарот нема повредени луѓе, има голема материјална штета што дополнително ќе се проценува.

„На 01.12.2023 во 00.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошен објект и куќа на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, сопственост на И.А. од Охрид. Од пожарот делумно била зафатена и куќа, сопственост на Е.З. од Охрид, а била оштетена и фасадата од куќа, сопственост на А.А. од Охрид. “ – информира портпаролот на СВР Охрид.