Нема повредени лица
Пожар во објект зафати и патничко возило
Пожар на помошен објект зафати и патничко моторно возило. Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала противпожарната единица.
На 13.06.2022 година во 05:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на помошен објект во кој било зафатено и патничко возило „Рено”, во кој нема повредени лица, сопственост на С.Н. (34) од Охрид.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.


