Пожарите во охридскиот регион ставени под контрола, пожарот на Илинска планина сè уште активен
Од Центарот за управување со кризи информираат дека двата пожари во охридскиот регион кај селата Косел – Расино – Опеница – Вапила и на планината Галичица се ставени под контрола, додека пожарот на Илинска планина е сè уште активен.
Од таму велат дека изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо Нагоричане, во с.Жегљане, маало Рогожарци; Општина Василево 1 кај с.Радичево и с.Дукатино; с.Чалакли; Општина Валандово, с.Чалакли; Општина Студеничани, с.Батинци; Општина Ѓорче Петров, пкрај ул.„Скупи“; Општина Зелениково, кај с.Вражале и во Општина Студеничани, во реон меѓу с.Драчевица и с.Црвена Вода.