Skip to main content

Катастрофален земјотрес

Пожарникари од Охрид заминуваат на помош во Турција

Осуммина пожарникари од охридската противпожарна единица заминуваат да помагаат во Турција. Командирот Борко Јанкулоски вели петмина од нив се пожарникари, тројца се возачи и сите заеднички се подготвени професионално да одговорат на задачата.
 |  инфодеск  | 
Турција земјотрес

Осуммина пожарникари од Охрид специјално обучени за делување при елементарни непогоди заминуваат во спасувачка мисија во Турција. Таму ќе помагаат на граѓаните во настраданите подрачја.

Командирот Борко Јанкулоски за ТВМ вели петмина од нив се пожарникари, тројца се возачи и сите заеднички се подготвени професионално да одговорат на задачата. Ќе помагаат во извлекување на жртвите. Во спасувачките операции во погодените подрачја моментално се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони.

Спремни сме, веќе добивме и техничка опрема која е специјално наменета за такви непогоди. Моментално имаме тим кој е во фаза на оспособување токму за такви интервенции и можат да одговорат на задачата. Екипа од пет шест пожарникари, контактираме со дирекција за заштита и спасување може да одговориме на задачата – вели Јанкулоски.

Траорните слики од разорниот земјотрес во Турција пренесоа тага и паника ширум светот. Пожарникарите апелираат до граѓаните при земјотрес да не паничат, туку да се засолнат под цврста маса или носечки столб.

Доколку се работи за голем разорен земјотрес првично легнување на земја во фетус положба под цврста маса и сл, подалеку од шкафови и прозорци, а како втора опција ако сме прибрани во моментот може да се заштитиме и под носач или под врата при земјотреси со помал интензитет – додава Јанкулоски.

Во меѓувреме Младинскиот клyб на турците во земјава започна кампања за помош на Турција. Граѓаните кои сакаат да донираат, помошта можат да ја достават до собирните центри. Предметите што ќе се соберат ќе бидат основна облека и материјали за чистење како што се ќебиња, греалки, јоргани, чевли, беретки, палта и блузи. 

Во Охрид – Место на организацијa Синан Челеби Дернек, (до аптека Пашоли).

Новинар : Соња Рилковска