Skip to main content

Пожарникарите и доброволците успешно пронајдоа исчезнато повозрасно лице во Охрид

По пронаоѓањето, лицето било успешно евакуирано од теренот.
 |  инфодеск  | 

Екипи на ТППЕ Охрид и ДПД „Ентузијаст“ синоќа успешно пронајдоа исчезнато повозрасно лице по спасувачка акција спроведена по барање на граѓанин.

Од ТППЕ Охрид информираат дека упорноста на екипите во потрагата била клучна за пронаоѓањето на лицето, кое било затекнато на тешко пристапна локација во добра здравствена состојба.

По пронаоѓањето, лицето било успешно евакуирано од теренот.