Пожар на Петрино
Избувна пожар на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Екипи на противпожарната единица од Охрид се на терен како и екипи од НП Галичица, од Црвен крст и граѓани. Пожарот засега е ставен под контрола. Причините за неговото настанување допрва ќе се утврдуваат.
Попладнево околу 1часот и 30 мин. избувна пожар на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Поради близината на 110-киловолтната трафостаница делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а и во делови од населбата Рача немаше струја. По дојавата за пожарот екипи на противпожарната единица од Охрид веднаш излегле на терен со две возила, а потоа пристигнале уште две, информира командирот на противпожарната единица Охрид Спасе Прентоски. Подоцна се приклучиле и екипите од НП Галичица, од Црвен крст, како и загрижени граѓани кои помагаат во гаснењето на огнената стихија. Причините за неговото настанување допрва ќе се утврдуваат.{loadposition content9}