Позитивниот извештај, дипломатски успех
Европската Комисија застана силно зад Македонија. Нашата земја го доби најпозитивниот извештај до сега, по четврти пат Комисијата одлучи Македонија да почне преговори за членство во ЕУ.
Европската Комисија застана силно зад Македонија. Нашата земја го доби најпозитивниот извештај до сега, по четврти пат Комисијата одлучи Македонија да почне преговори за членство во ЕУ. Сатисфакцијата е голема, вели пратеникот во Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој додава дека од голема важност е што со упорност, принципиелност, децидност и непроменет став успеале придавките „македонски“ да бидат врататени во извештајот, бидејќи според него основна работа на секоја нација е нејзината самоопределба.
„Она што мене ме радува е дека во извештајот се врати терминот „македонски“ за кој што да потсетам јас лично силно лобирав и кога првиот пат беше избришан, на говорница го прашав тогашниот амбасадор г-динот Фуере, кој е јазикот на кој што јас во моментов се обраќам дали е тоа македонскиот или мојот јазик и кој е јазикот на кој што тој зборува дали е ирскиот јазик или неговиот. Така што многу ми е драго што нашите напори вродија со плод и најпозитивниот извештај е доказ за тоа“-вели Николовски.
Николовски исто така ја истакна важноста од моментот, кога за прв пат во историјата на Советот на Европа, лично тој како шеф на македонската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа поднесува резолуција, во која бара мониторинг на целото работење на Грција во делот на човековите права. Според него таквиот чекор од една страна е дипломатски успех, а од друга страна преседан.
„Она што е евидентно е дека Грција или не ги почитува договорите кои што ги потпишала за заштита на човековите и малцински права или воопшто не ги потпишува и не ги ратификува. И заради тоа јас уште на јунската сесија покренав постапка во која што побарав Грција да ги почитува документите кои сама ги потпишала и да ги потпише и усвои оние кои не ги потпишала а кои се дел од услови за членство во Советот на Европа. Грција не го направи тоа и затоа на оваа сесија поднесов резолуција во која барам мониторин на целото работење на грчката држава во делот на човековите права, имајќи во предвид дека турското, албанското, македонското и влашкото малцинство во Грција не само што не се признаени туку не уживаат никакви права“-потенцира Николовски.
Николоски истакна дека поднесувањето на резолуција за мониторинг на Грција, има одлична поддршка од неколку големи делегации. Но процедурата наложува да се потпишат 20 пратеници од 6 различни држави, после тоа таа резолуција оди на усвојување на Бирото, па на мониторинг комитетот и се определува личност која ќе ја мониторира Грција, додава тој. Николоски категоричен дека без разлика дали ќе се успее или не целосно во оваа намера, имајќи во предвид дека се работи за една голема организација во која и Грција има свое влијание, тоа што е основно според него е, дека прв пат се отвара прашањето за македонците во егејскиот дел на Македонија, односно во Северна Грција и дека најмалку година дена Грција ќе треба да дава одговори и да објаснува зошто не ги почитува правата на малцинствата.
{loadposition content9}