Skip to main content

Охриѓани прашуваа, евроамбасадорот одговараше

Евроамбасадорот Аиво Орав учествуваше на панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“. Тој рече дека Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во светот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
orav-petreski
орав-петрески

Aмбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав денеска меѓу охриѓани. Причина за тоа беше панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“ која се одржа во општина Охрид. Трибината беша организирана во рамките на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Орав рече дека овој ден се прославува не само во Европа туку и ширум светот и е потсетник на тоа што се случи во далечната 1962 год кога Европа беше ослободена од конфликти. Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во светот, потенцира евроамбасадорот.tribina

– Самите дипломати кои се акредитирани во вашата земја работат на влегувањето на Македонија во ЕУ, метрополата Скопје исто така, но и општините се разбира треба да работат на тоа. Ова е и причината зошто всушност сум овде во Охрид, рече европскиот амбасадор во Македонија, Аиво Орав.

На денешната трибина во Охрид учествуваа истакнати претставници од културниот, и општествениот живот, но и ученици кои поставуваа прашања поврзани со ЕУ.

И јас би сакал да научам нешто од граѓаните на Охрид Сакам да знам што тие мислат за процесот на проширување на ЕУ како и за развојот на Општина Охрид, рече европскиот амбасадор во Македонија, Аиво Орав.


Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески како домакин на оваа трибина рече дека Општина Охрид со големо задоволство ги подржува и учествува во организацијата на овие настани. „Денешната панел дискусија е една од можностите  за приближување на Европските принципи до нашите граѓани како и начин на кој македонските културни вредности можат да ја збогатат општата понуда на Европскиот континент“, додаде Петрески.

{loadposition content9}