Пратеничка група ќе лобира да се заштити Охридскиот регион под Унеско
Пратеничка група ќе лобира да се заштити Охридскиот регион под Унеско.
Формирана неформална група „Пратеници-пријатели на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија – Охридскиот регион“ . Групата ќе делува во рамките во Собранието на иницијатива на Националниот демократски институт и Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42. Ова претставува позитивен пример за успешна соработка помеѓу пратениците од различни политички провениенции, невладиниот сектор и граѓаните. Заедничка цел ни е да ги вложиме сите капацитети и да придонесеме за зачувување на Охридскиот регион – нашето единствено светско природно и културно наследство, напоменува Томислав Тунтев член на неформалната група.
„Оваа неформална пратеничка група реагираше по промената на Власта. Добивме уверување дека Министерството за култура ќе направи ревизија кои надлежните институции треба да ги извршат кон Унеско , кон Комисијата за културно и природно наследство Охрид да не дојде повторно во ситуација да е ставен на листата на загрозени подрачја кои се во опасност“, истакна Тунтев.
Премиерот вети дека ќе се стопираат сите проекти кои беа предмет на надзор на Комсијата на Унеско и причина Охрид да биде ставен на листата на загрозени подрачја, кажа Тунтев.
„По комплетната ревизија на документите и изработка на одржлива стратешка Студија за влијание на инфраструктурните проекти врз животната средина проектите би биле евентуално продолжени. До тој момент има мораториум и се стопирани сите најавени проекти од мината власт“, напоменува Тунтев.
Вчера како резулата на соработката на институциите, Собранието на РМ ги отвори вратите за граѓаните и НВО кои доставија над 7000 барања од граѓани и туристи за да се заштитат Охрид и Охридското езеро и да се прекине со проектите кои се потенцијална опасност по животната средина за Охрид и Охридското езеро. Координатор на групата е пратеничката Маја Морачанин, а членови се: Томислав Тунтев, Ирена Стефоска, Африм Гаши, Васко Ковачевски.