Skip to main content

Пратеникот Николоски го посети охридскиот Сојуз на борци

Пратеникот Александар Николоски со преставници од политичката партија на Вмро Дпмне го посетија Сојузот на борци на Охрид и Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 
nov
nov

Пратеникот Александар Николоски со преставници од политичката партија на Вмро Дпмне го посетија Сојузот на борци на Охрид и Дебрца.  Средбата беше по повод вчерашниот Ден на востанието , 11-ти Октомври. Пратеникот Николоски оствари средба со претседателот на Сојузот на борци, Гоце Георгиески на која разгледаа неколку иницијативи кои треба да се реализираат воиднина за зачувување на спомен облежјата во Охрид и Дебрца. Николоски по средбата кажа дека доколку не беше НОВ немаше да постои  Република Макеоднија. Сакав како пратеник и преставник од градот да им одадам едно лично признание на сите луѓе кои дале жртва за она што го имаме денес, истакна Николоски.  
sredba
„ Основно е генеарциите што доаѓаат да знаат дека оваа држава не е од вчера , имало луѓе кои се бореле и дале огромни саможртви. Над 200.000 македонци излегоа во Втората светска војна се бореа на правата страна и денес ја имаме оваа држава.“

Претседателот на Сојузот  на борци, Гоце Георгиески во моментов не е задоволен како се одржуваат спомениците и спомен облежјата во Охрид и Дебрца. Од денешната средба со  пратеникот и неговите со партијци, во иднина очекува да се заложат за подостоинствено одбележување на настаните и личностите од периодот на  народно ослободителната борба на Македонија.       
 
„ Ние единствено што сакаме и бараме е чување и негување на придобивките и традициите на НОБ. Тоа ќе го сториме ако ги одбележуваме сите значајни датуми од поблиската и далечната историја од минатото, посебно од НОВ,  како што беше вчерашното одбележување на 11-ти Октомври кој се одбележа достоинствено како што доликува, и за другите личности и настани да се одбележуваат на таков начин“, кажа меѓу другото Георгиески.

Во иднина, Георгиески очекува и поголема грижа за матријалниот и социјалниот статус на  околу 6.500 живи борци од НОВ, од кои 150 се од Охрид и Дебрца. Исто така се надева на  подобра грижа на спомениците и спомен обележјата од НОВ, како и решавање на просторниот  проблем на Сојузот на борци.

{loadposition content9}