Правилно користење на водата за наводнување
Како до правилно и рационално управување со водата за наводнување во контекст на климатските промени и заштита на животната средина. Денес во Охрид се одржа конференција на тема – „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“.
Старите техники на наводнување мора да се искоренат, бидејќи водата за наводнување се користи неефикасно, сметаат експертите од Факултетот за земјоделски науки и храна. Проф. Ордан Чукалиев истакна дека мора да се промент принципите на користење на водата, доколку сакаме поефикасно да ја користиме водата, бидејќи доаѓа до намалување на количината на вода која што може евентуално да ги пренесе загадувачите од земјоделското производство кон езерото.
„Треба да се направи замена на старите техники, бразди, вештчки дожд со нови современи техники на наводнување како што е капковото наводнување, со микро распрскувачи и сите техники кои што користат мал притисок односно трошат мали количини на енергија. Со тоа ќе дојде до намалување на потрошената количина на вода, тука не зборуваме за намалување од 5, 10%, значи повеќе од половина од водата ќе биде заштедена доколку се применат овие техники на наводнување, поради што старите техники имаат многу ниска ефикасност, пример бразди има ефикасност 50% од водата едвај ќе ја искористи во земјоделството а со капка по капка користиме 95% од водата“ – вели Чукалиев.
Во рамки на проектот „Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро“, што го реализира ЕД „Грашница“, денеска се одржа завршната конференција на тема – „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“. Ѓоко Зороски нагласи дека сите предлози на институциите и на засегнатите страни ќе бидат сумирани и поднесени до надлежните институции за нивно усвојување и конкретна реализација. Тој додаде дека во моментов се соочуваат со голем проблем.
„Најголем проблем е недволната информираност, односно недостатокот на знаење во однос на примена на вештачки ѓубрива, прекумерна употреба на пестициди, прекумерно наводнување. Се тоа носи не само еколошки туку и економско негативни страни бидејќи на тој начин не се штеди, пари, работно време, се создаваат големи загуби но истовремено се загадува животната средина, бидејќи Охридското Езеро, најголем дел од загадувањето доаѓа од дифузните извори на загадување од земјоделските активности“– нагласува Зороски.
На конференцијата се направи и осврт на заедничката Европска политика кон водите. На оваа тема свое предавање имаше експертот од Унгарија, Едуард Неделчиу. Инаку на конференцијата присутни беа земјоделци од општина Охрид и општина Дебарца, претставници од државни институции од општина Охрид и Дебарца.
{loadposition content9}