Православните христијани денес го одбележуваат Велики Петок, ден од Страдалната Седмица
Православните христијани денес во охридските храмови го одбележаа најтажниот ден во годината, Велики петок. Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, овој ден се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
Православните христијани денес во охридските храмови го одбележаа најтажниот ден во годината, Велики петок. Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, овој ден се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на плаштот, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение. Охриѓани и гостите совесни и дисциплинирани, чекаа пред храмовите да се помолат и да ги слушнат светите литургии.
„Навистина нашиот народ е велен народ кој секогаш се труди да присуствува на светите богослужби и со тоа да станат активни сведоци на тоа што некогаш се случувало, а сега преку светите богослужби повторно се случува пред очите на сите нас. Имајќи ја во предвид пандемијата предизвикана од корона вирусот, можам да кажам дека ме радува нашиот православен народ бидејќи многу мудро постапува и се однесува почитувајќи ги сите протоколи кои ги пропишале надлежните органи, со што уште еднаш потврдуваат дека православниот верник пред се е човек кој ги почитува сите оние одлуки кои ги носи државата3 вели Отец Димче Азески – Св. Богородица – Каменско“.
Отец Димче Азески од црквата Св. Богородица Каменско вели дека во овие тешки времиња, иако сме физички разделени, сепак преку молитвата можеме да бидеме поблиску едни до други од било кога. Исто така, овие празници треба да не потсетат да си помагаме едни на други кога ни е најтешко.
„Ние сепак ако држиме физичка дистанца во овој период додека трае пандемијата, доколку се молиме, ќе бидеме блиску едни до други. Исто така, треба да помогнеме, оваа пандемија сите економски ги погоди и како што рекол Христос оној кој има две кошули едната да му ја понуди на оној кој нема“ обасјнува Отец Димче Азески – Св. Богородица – Каменско“.
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески смета дека луѓето треба да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита на нивното здравје и здравјето на најблиските и силно верува дека празнувањето ќе помине во најдобар ред.
„Доколку луѓето, посетителите, ги почитуваат мерките во Охрид, доколку се движат на отворен простор, во природа, мислам дека не би требало да очекуваме проблеми, сепак тоа останува на свеста и совеста на луѓето и на сопствениците на локалите, каде ќе се движат гостите, и повторно на самите посетители, но мислам дека се ќе помине во најдобар ред“ се надева Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид.
Православниот канон за Великпеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце, во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. Охрид овој продолжен викенд ќе го посетат голем број домашни, но и посетители од земјите од соседството, бидејќи во понеделник, покрај прв ден велигден, се одбележува и меѓународниот ден на трудот.