Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, во недела Духовден, роденденот на црквата
Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а во недела Духовден.
| | Охрид
Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а во недела Духовден.
На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.