Со празнична вечерна богослужба во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва започна чествувањето на Свети Наум Охридски Чудотворец.
Во манастирот утре ќе се служи света архиерејска литургија со почеток од 9 часот, на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.
На празникот во манастирот доаѓаат илјадници верници да се помолат за здравје бидејќи се верува дека Св. Наум Охридски бил исцелител со чудесна моќ. Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охридскиот регион но и пошироко.