Skip to main content

За време на празниците Охрид ќе биде под засилено полициско обезбедување

Со посебен оперативен план охридската полиција ке се грижи за безбедноста на охриѓани но и големиот број туристи за време на новогодишните празници. 
 |  инфодеск  | 

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Охрид ќе биде под засилено полициско обезбедување. Голем број полициски службеници од градот, но и на припомош колеги од други градови ќе се грижат за безбедноста на охриѓани и големиот број туристи кои се очекуваат во градот.

Патроли ќе има низ најфреквентните делови на градот, особено во централното подрачје, но и пред угостителските објекти и ресторани каде што се организираат празнични прослави.

-Она што е главна цел на планот е стабилен јавен ред и мир, контактите се остварени и со приватни агенции за обезбедување. Планирани се зачестени конторли, целта е праззниците да поминат во бескпрекорен јавен ред и мир. Деликтите да бидат сведени на минимум или елиминирани, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Полицијата предупредува: празниците се време за радост, но и време кога треба да се внимава. Возачите да бидат особено внимателни, да ги почитуваат сообраќајни правила и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Да не ја загрозуваат својата  и безбедноста на другите.

Во делот на сообраќајот контролите ќе бидат интензивни насекаде низ градот, на приодот до Охрид и сите крстосници. Конторлните активности ке бидат насочени кон оние кои користат алкохол и се разбира ке бида и санкционирани и склучени од сообраќај, додава Димоски.

Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат и правилата за јавен ред и мир, да се однесуваат одговорно и да пријавуваат секаков инцидент. За да се обезбеди мир и сигурност, на терен ќе делуваат координирани тимови од сите надлежни институции, со цел секој да може безбедно да ги прослави празниците.

Новинар Соња Рилковска