Skip to main content

Општина Охрид

Празнична честитка од градоначалникот Пецаков до граѓаните со исламска вероисповед

Веруваме  дека граѓаните со исламска вероисповед од Охрид, како нераскинлив дел од македонското општество и натаму ќе бидат активни чинители во градењето на заедништвото и меѓусебно разбирање – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков.
 |  инфодеск  | 

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Кирил Пецаков. упати  честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.

– Ви  посакувам овој голем  празник  да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Преку  меѓусебното  почитување и толеранција, овој голем празникги  потврдува универзалните вредности  на човекољубието и заедничкото во различните  верски определби.