По повод велигденските празници Општина Охрид додели пакети на лица од социјален ризик.
Пакетите со прехранбени производи и средства за хигиена ги доделија градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески.
Дел од пакетите беа доставени во студентскиот дом „Никола Карев“, каде оваа категорија луѓе користат услуги, а дел во црквата Св. Богородица – Каменско за верниците.