Општина охрид
Празнични пакети за лица од социјален ризик
Општина Охрид додели празнични пакети за лица од социјален ризик. Пакетите ги доделија градоначалникот Пецаков и секретарот Китески.
По повод велигденските празници Општина Охрид додели пакети на лица од социјален ризик.
Пакетите со прехранбени производи и средства за хигиена ги доделија градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески.

Дел од пакетите беа доставени во студентскиот дом „Никола Карев“, каде оваа категорија луѓе користат услуги, а дел во црквата Св. Богородица – Каменско за верниците.


