Превентивната функција e новиот лик и имиџ на полицијата
Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.
Превентивната функција e новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општества и претставува врв на полициските приоритети.
Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички ефикасен систем за заштита од криминало. Ова, меѓудругото го рече началникот на СВР Охрид Зоран Сарафилоски, на вчерашната работна средба по повод одбележувањето на 9 декември денот на превенцијата и денот на превентивното полициско работење.
Во своето пригодно обраќање, заменикот градоначалник Ангел Јанев рече дека концептот на превентивната работа значи спроведување на законот врз база на проекти и програми за соработка и дека локалната самоуправа во годинава била партнер на СВР Охрид во реализација на повеќе проектни програми со што и општината станува активен чинител во подобрувањето на безбедноста во градот.
Превентивното работење е обид за градење на партнерство со граѓаните во решавањето на локалните безбедносни проблеми и изнаоѓање на најдобри решенија со кои ќе се намали стапката на криминалитетот, ќе се спречат штетните последици по граѓаните и општеството а воедно ќе се подобри целокупната безбедносна состојба.
{loadposition content9}