Skip to main content

Спорт

Да го пречекаме Европското злато утре во Охрид

Охриѓанката Христијана Парулеска која веќе е европски шампион во традиционално таеквондо и вице шампион во форми, утре се враќа во Охрид.
 |  Голабовски Крсте  | 
Христијана Парулеска

Христијана Парулеска, од Таеквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид, сега веќе европска шампионка во традиционално таеквондо и вицешампионка во форми кати, утре се враќа во Охрид. На патот до европскиот трон, пред Парулеска паднаа бугарската, хрватската и украинската репрезентативка. Таа, на последното Европско првенство кое се одржа во Јесоло, Италија, беше прогласена и за најдобра кадетка, признание кое лично го доби од господинот Руџиеро Ланоте, организатор на Европското Првенство и Предтседател на Италијанската Теквон-до Федерација.

После пандемијата, на големото континентално натпреварување во Традицио Теквон-до EITF, учествуваа натпреварувачи од 27 земји, а најбројни беа репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија. Македонската репрезентација со избраниците на Државниот Селектор на Македонската репрезентација во Традиционално Теквон-до MTTF при ITF Марјанчо Лазарески, броеше седум натпреварувачи, и тоа; 3 во женска и 4-ца во машка категорија. И останатите наши репрезентативци, иако не се закитија со медал, ја издигнаа Македонија на 13-тото место, во конкуренција од 34 државни репрезентации, оставајќи ги после нас, репрезентации кои беа многу побројни и со подолги традиции како што се Латвија, Норвешка, Србија, Ирска, како и домаќинот Италија. Останатите репрезентативци, го завршија ова Европско со освоени две 5-ти места две 6-ти, едно 8-мо и 9-то место. Нашата цел е оправдана, нашето доаѓање остана впишано во историјата на Македонското Традиционално Теквондо при ITF.

Христијана Парулеска

„За прв пат на Европско Теквон-до ИТФ првенство се слушна и Македонската химна. Христијана Парулеска е европски шампион. Најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” , Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и сите наши поддржувачи. “ – напиша нејзиниот тренер Марјанчо Лазарески на фејсбук.

Утре на пладне, на градскиот плоштад, ќе има свечен пречек на македонската репрезентативка во традиционално таеквoндо. Предвидено е, по пречекот на плоштадот, настанот да продолжи на бината кај ТЦ Амам спроти поштата. Доколку временските услови не дозволат, настанот ќе биде одржан во спорстката сала „Билјанини извори“.