Пред охридската пошта поставен информативен центар во форма на едрилица
Пред охридската пошта поставен информативен центар во форма на едрилица
Информативен центар во облик на стилизирана едрилица е поставен пред охридската пошта. Во овој центар туристите ќе добиваат различни информации од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани. Објектот сеуште не е завршен, а се очекува во текот на утрешниот ден да биде поставено едрото, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. Тој кажува и зошто ја избрале токму локацијата пред пошта.
„ Се определивме за оваа локација затоа што од искуствата од минатото видовеме дека посетноста на информативните центр на периферијат аили влезот на градот доодредена мерка не ги дадоа оправданите очекувања и не беа посетени за да ја исполнат суштината. Сметаме дека на локацијата пред поштата на едно од најфрекфентните места каде пто поминуваат турсти сметаме дека ќе гиинформираме , упатуваме и насочуваме сите гости ,а и охриѓани коиимаат потреба од одредн вид на информации“, напоменува Апостолов.
Покрај информативниот центар на две локации ќе бидат поставени и билборди во вид на времеплов на градот. Со висина од 1,8 до 2 метри билбордите со стари фотографии ќе бидат поставени во близина на Света Софија и Чинарот.
„ На едната страна ќе има една фотографија и ќе се патува низ времето. Каков бил објектот пред 100 години, Св. Софија и Чинарот, пред 100 тина години, а од другата страна ќе биде поставена колкеција на фотографии од минатот на Охрид со опис на локацијата“, кажува Апостолов.
Информативниот центар во форма на стилизирана едрилица и двата билборди се резултат на проектот Вотернет. Преку овој проект општина Охрид заедно со општина Воден во Р. Грција, реализираат проекти со прекугранична соработка. Од овој проект се финализира и првиот дел од пешачката патека кај каналот Студенчишта во должина од 200 метри.