Skip to main content

Пред охриѓани претставен Зоран Поповски кандидатот за претседател од ГРОМ

Пред охриѓани претставен Зоран Поповски  кандидатот за претседател од ГРОМ .

 |  Валентина Неловска  | 
grom
grom

Живееме во време невреме, време на постојани препукувања и расправии. Луѓето веќе заборавија на својата егзистенција слушајќи ги постојаните препукувања на политичките титани кои што ги окупираа медиумите. Не можеме глава да дигнеме од прес конференции и од соопштенија од кои се изведуваат само лоши зборови. Ајде да се свртиме кон граѓанските вредностите – кон луѓето, да се обединиме околу решавање на клучните проблеми во Македонија, а тоа се сиромаштијата, невработеноста, достоинството на државата, влегувањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО и кон подобра живеачка, тоа е нашата нова понуда на овие избори-рече Поповски во синоќешното обраќање пред охриѓани. Кандидатот за претседател на ГРОМ  кажа дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе се спротистави на трошењето буџетски пари за непродуктивни проекти каков што е тој кој се реализира во главниот град.
grom
„ Можам од овде да ви ветам дека веќе нема да  дозволам ниту еден буџет од оваа држава да се реализира со така предвидени пари кои што ќе се трошат на споменици, фонтани, тркала, врби и други глупости, сакаме да се свртиме повеќе кон луѓето и кон решавање на нивните проблеми и да вложуваме во нивниот стандард“, рече Поповски.

На митингот, пред присутните, се обрати и лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски. Тој  упати силни критики кон двете најголеми партии во државата. Рече дека во земјата е подобро да има поголема политичка понуда за граѓаните да имаат избор.  Ние сакаме да понудиме решенија, сакаме визии, нови опции за Република Македонија, сакаме во оваа политичка трка да трчаме па макар и позади нив. Никого не сакаме да сопнеме, но треба да знаат дека нашите батерии се полни како никогаш до сега, а тие се уморни од ветувањата и од политичките промашувања и дека нашето време доаѓа, рече Јакимовски.grom

„Во нашата држава чувствуваме кај граѓаните  страв, но  во 1992 година ние не гласавме  за слободна, самостојна и независна Република Македонија за да се плашиме од сопствената власт. Ние сакаме власт со коjа ќе се гордееме и ќе ја почитуваме. Секоја власт која прави добро ќе биде почитувана од страна на граѓаните, нема зошто граѓаните да се плашат, ние таква власт не заслужуваме. Затоа ние тргнавме да ги охрабриме граѓаните за да знаат дека има сила која може да ги организира за да настанат промените во РМ“, додаде Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски и кандидатот за претседател  Зоран Поповски во своите обраќања се изјаснија и за надворешната политика на земјата. При тоа истакнаа дека не се подготвени на промена на уставното име на државата.

 

{loadposition content9}