Skip to main content

Предадена опрема – апарат за Коронарен (ЕКГ) стрес тест во ЈЗУ Кардиологија – Охрид

Оваа напредна медицинска опрема овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.
 |  инфодеск  | 

Предадена опремата – апарат за Коронарен (ЕКГ) стрес тест во ЈЗУ Кардиологија – Охрид обезбеден преку Центарот за развој на југозападен плански регион.

Оваа напредна медицинска опрема овозможува прецизна евалуација на функцијата на срцето при физички напор, што е клучно за рано откривање на кардиоваскуларни заболувања.

Придобивки од новиот апарат:

✅Прецизна дијагностика – Овозможува детекција на коронарна артериска болест, аритмии и други срцеви нарушувања.

✅ Навремено откривање на ризици – Идентификува потенцијални срцеви проблеми пред појавата на симптоми.

✅ Безбедност и ефикасност – Апаратурата е опремена со најсовремени сензори и системи за контрола на пациентот за време на тестирањето.

✅ Подобрување на третманот – Добиените резултати помагаат во одредување на најсоодветниот третман и следење на ефикасноста на терапијата.

Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека е финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација / Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 930.000,00 МКД.