Женски центар бисера
Предавање на тема Остеопенија и остеопороза
Предавањето го организираа Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”.
Во просториите на хотел Гарден, вчера се одржа предавање на тема ,,Остеопенија и остепороза”. Предавач беше доктор Елизабета Димоска Чифлигароска, специјалист по физикална медицина, рехабилитација и супспецијалист ревматолог.
Предавањето го организираа Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.