Skip to main content

Меѓународна конференција

Предисторијата на Балканот

Во рамки на проектот стручњаци и студенти работеа заедно на неолитските локалитети Влахо во Македонија, Поградец во Албанија и Винча во Србија.
 |  инфодеск  | 
Град Охрид

Од утре до недела во Охрид ќе се одржи Меѓународната конференција „Предисторијата на Балканот“. Ова ќе биде финален настан од проектот на Центарот за истражување на предисторијата од Скопје, Институтот за археологија од Тирана и Филозофскиот факултет од Белград, кој претставува прва заедничка соработка меѓу македонски, албански и српски археолози.

Овогодишното осмо издание на конференцијата се организира во рамки на меѓународниот проект Заедничко културно наследство, на која студенти и стручњаци ќе ги презентираат стекнатите сознанија за време на проектот и воедно ќе приложат нови перспективи за предисторијата во Србија, Албанија и Македонија.

Во рамки на проектот стручњаци и студенти работеа заедно на неолитските локалитети Влахо во Македонија, Поградец во Албанија и Винча во Србија, каде што освен усовршувањето на методите на истражување, ги следеа и предисториските врски меѓу заедниците кои живееле на овие простори пред повеќе илјади години.

Во рамки на проектот се подготви брошура и промотивен материјал во кој се сумирани резултатите од взаемната соработка меѓу македонските, албанските и српските археолози, а кои ќе бидат достапни на веб сајтот на Центарот за истражување на предисторијата после одржувањето на конференцијата. Проектот е финансиски поддржан од Фондот на Западен Балкан и Европската Унија .