Skip to main content

Во образованието ќе се воведува предмет предприемништво

Младите да се учат како сами да си создаваат работа и сопствен бизнис. Кај нив да се развива предприемничкиот дух. Ова е интенција  на коалицијата на младински организации “СЕГА” која предлага во средните стручни училишта да се воведе предмет предприемништво. Оваа идеја ја подржуваат и вработените во стручните училишта и невладините организации.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во образованието ќе се воведува предмет предприемништво. Оваа идеја на коалицијата на младински организации “СЕГА”е во зародиш и допрва треба да се разработи. Од средното стручно училиште Св. Кирил и Методиј ја поздравуваат ваквата иницијатива кажувајќи дека предприемништвото е многу важно особено кај стручните струки. Тоа  има за задача да го развие  предприемачкиот дух кај учениците кои по образованието треба да се вклучат во  практичниот процес на работа. Директорката на училиштето, Славица КОстоска вели дека воведувањето на ваков предмет во стручните училишта е уште позначајно бидејќи веќе години наназад во економското училиште нема задолжителна феријална пракса која се одржувала во летниот период.slavica krsteska

Младите денес масовно завршуваат факултети, но  поради недостидг на работа или пак поради вишок на понуда на одредени кадри  на пазарот на труд има случаи кога дел од нив работат сосема некоја друга професија како козметичарки, фризери што може да се работи и со завршено средно образование. Нае велам дека не треба да се завршуваат факултетите но со тоа не се развива предприемачкиот дух, вели директорката.

И Локалната Агенција за развој од Струга ја подржува идејата за ставање поголем акцент на предприемништвото. Тие се дел од проектот со наслов „Претприемач да се биде или не“
во рамките на кој е организиран летен камп за претприемништво за средношколци. skolo

Целта е да се инспирираат младите луѓе не да бараат работа туку да знаат да создадат работа и за себе и за другите. Треба да се обучат како да започнат со сопствен бизнис, а не само пасивно да бараат работа. Државата нуди можности само треба да се знае како да се искористат. Децата на работа треба да се учат од најмали нозе, вели Кате Василеска од ЛДА Струга.

Василеска кажува дека во Македонија која е земја во развој со кој и бизнис да се започне ќе се биде прв и нема да се има некоја голема конкуренција. Ги охрабрува младите да го развиваат својот предприемнички дух,  да ги согледаат можностите кои им се нудат и да ги надминат пречките на патот. ЗА идејата за воведување предмет предприемништво Василеска смета дека е одлична, но сугерира предметот да го предаваат практичари , луѓе кои имаат предприемничко искуство. Само така резултатаите ќе бидат позитивни, вели Василеска.

{loadposition content9}