Skip to main content

Судските службеници бараат повисоки плати

Предупредувачки протест на судската администрација

Со предупредувачки протест судската администарција ќе бара зголемување на платите. Велат, судските службеници земаат три пати помали плати од судиите, најниската е на ниво на минималната плата.
 |  инфодеск  | 
Судска администрација протест

Судската администрација денес со предупредувачки протест пред Основниот кривичен суд Скопје, повторно ќе бара заголемување на платите. Се жалат,  со последното  зголемување на платите на судиите, уште повеќе се продлабочил јазот. Административците земаат  три пати помали плати од судиите, најниската е на ниво на минималната плата, а просечната е под просекот во земјава.

Велат, службениците се револтирани,  не е точно дека добиле 15% зголемување на месечните примања, туку додатоците им се прелеаа во плати.

„Револтот е многу голем исто така мислам дека тоа денес ке се покаже на овој предупредувачки протест револтот е голем во судската служба меѓутоа ние мораме да бидеме внимателни бидејки пред само неколку години во 2016 кога имавме штрајк на сите кои учествуваа во тој штрајк им беа задржани 40% од платите.“ – вели Борче Мирчески -претседател на Здружението Судска администарција на Р.М.

Судскиот буџетски совет  првично ветил поддршка за барањето за  зголемување на платите на судската служба, односно додатоци на плати не помали од 25 %, но подоцна се иззеле со образложение дека нема пари.

„Ова наше барање беше поставено на дневен ред на Судскиот буџетски совет на 7 јуни при што бил донесен заклучок дека нема средства во буџетот и дека ова барање нам не може да ни биде прифатено. Немањето насредства било дефинирано како резултат после исплатата на зголемените плати на судиите, сега нема средства да се зголемат платите на судските административци.“- додава Мирчески.

Судската администарција бара да има и свои претставници во Судскиот буџетски совет. Велат нема да се откажат од барањето за достојна плата, за понатамошните чекори ќе информираат утре после средбата со УПОЗ (Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани).

Новинар Соња Рилковска