Седумте избирачки места во земјава каде денеска се прегласува за парламентарните избори се отворени навреме, а гласањето се одвива без проблеми. Прегласувањето се одвива на едно избирачко место во шестата и на шест во Петата изборна единица места меѓу кои на ИМ 1272 во Охрид, и ИМ 1844 во Струга.
До 15 часот на прегласувањето во Охрид гласале 308 гласачи од избирачкото место односно 43, 32 %, информира претседателката на ОИК Охрид, Антигона Сионов.Споредбено со гласањето на 8-ми мај забележана е помала излезеност до 15 часот за 11,53%.
„ Гласањето во Охрид на ИМ 1272 тече нормално, тековно без никакви проблеми. Не се пријавени никакви неправилности ниту проблеми од техничка природа со биометриското читање податоци. Такашто очекуваме до крајот на денов така и да продолжи.“ – информира Сионов.
Во ИМ 1272 во Охрид кое се наоѓа во ОУ „Христо Узунов“, запишани се вкупно 711 лица, жители на ул „Мирче Ацев“.
Излезеноста на ова избирачко место до 19 часот на изборите одржани на 8-ми мај беше 63%. На сите седум избирачки места каде се прегласува, се забележува зголемена излезеност за 5.35% според ДИК.