Skip to main content

Во тек преговори за поврзување на Охрид со Абу Даби или Шарџа

Во меѓувреме, потврдено е дека од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија Дубаи – Скопје со авиокомпанијата Flydubai.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Охрид

Охрид би можел да добие директна авионска линија со Обединетите Арапски Емирати од следната сезона на летање. Министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, во Собранието изјави дека се преговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во ОАЕ.

Според Николоски, како можни дестинации се разгледуваат Абу Даби и Шарџа, а поврзувањето би имало значење пред сè за развојот на туризмот во Охрид и регионот.

„Сè уште е во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот“, изјави Николоски.

За Охрид, воспоставувањето директна линија со ОАЕ би значело отворање на нов пазар за туристи од регионот на Заливот и подобра воздушна поврзаност со една од најзначајните авио- и туристички точки на Блискиот Исток.

Во меѓувреме, потврдено е дека од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија Дубаи – Скопје со авиокомпанијата Flydubai.