Skip to main content

Итб берлин

Преговори за чартер линија Букурешт-Охрид

На ИТБ Берлин започнаа преговори за чартер линија Букурешт-Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кои изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи.
 |  инфодеск  | 
Саем Берлин

Македонскиот туристички сектор трет ден е дел од ИТБ Берлин, со фокус на одржливост на дестинациите.

ИТБ Берлин е повеќе од успешен, се започна со преговори за чартер линијата Букурешт – Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кој изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи.

Се реализираа средби со полски туроператори за зголемување на портфолиото на програми од Македонија со вклучени нови атракции и кружни патувања за седум дена во нашата дестинација. Разговори со БиБиСи кој понудија одлични услови за соработка и визуелизација на македонските туристички потенцијали преку нивните канали на комуникација. Преговори со туроператори од Чешката Република за посета на зимските центри и Охрид во сезона 2023/2024 – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Саем Берлин

Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Васко Грков. Агенцијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амбасадата.

Највлијателниот и најголемиот саем за туризам во светот после три годишна пауза е со изменет концепт во траење од три дена, концентрирани на B2B средби, чии договори треба да дадат силно влијаниие туризмот во 2023 година, за да ги постигне резултатите од 2019 година.