Прекин на јавниот повик за субвенционирање на граѓани од ранливи категории за набавка на клима уред
За останатите домаќинства јавниот повик се уште трае се до исцрпување на средствата.
Поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за ранливите категории граѓани (лица со попреченост, самохрани родители, згрижувачки семејства, пензионери….) се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2026 год, информираат од Општина Охрид.
За останатите домаќинства јавниот повик се уште трае се до исцрпување на средствата.


