Skip to main content

Општина Охрид

Прекин на Јавниот повик за субвенции за велосипед за 2026 година

Најново соопштение од Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Субвенции велосипеди

Се известува јавноста дека поради целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот Повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2026 година.

Јавниот повик е објавен на 20-ти април 2026 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2026 година.