Од денеска до 12-ти септември 2022 година, сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, делумно ќе биде во прекин и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот, поради изведување градежни работи (асфалтирање).
Од АМСМ информираат дека работите ќе се изведуваат само во работни денови.
Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај од почетокот на мај до 01.10.2022 година за возила со вкупна маса до 3,5 тони.