Skip to main content

Градежни активности

Прекин на водоснабдувањето низ повеќе улици

Поради градежни активности кои се дел од реконструкцијата на ул „Македонски Просветители“ во четврток ќе има прекин на водоснабдувањето низ повеќе улици во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Македонски просветители

Поради изведување на градежни активности кои се дел од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“, а со цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во централното градско подрачје, на ден 05.05.2022 год. (четврток) од 07:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици:  

„Македонски Просветители“, „Кеј Македонија“, „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“, делови од „бул. Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа „Макпетрол“), „Гоце Делчев“, дел од  „Бистрица“ и сите улици од стариот дел на градот.