Градежни активности
Прекин на водоснабдувањето низ повеќе улици
Поради градежни активности кои се дел од реконструкцијата на ул „Македонски Просветители“ во четврток ќе има прекин на водоснабдувањето низ повеќе улици во Охрид.
Поради изведување на градежни активности кои се дел од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“, а со цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во централното градско подрачје, на ден 05.05.2022 год. (четврток) од 07:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици:
„Македонски Просветители“, „Кеј Македонија“, „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“, делови од „бул. Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа „Макпетрол“), „Гоце Делчев“, дел од „Бистрица“ и сите улици од стариот дел на градот.


