Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „7ми Ноември“ и „15ти Корпус“ на потегот од автобуската станица до фабриката Езерка, информираа од ЈП Водовод Охрид.
Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 часот, ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците на наведените улици, велат од јавното претпријатие.