Прекин во водоснабдувањето во Љубаништа поради дефект на електродистрибутивната мрежа
Од ЈП „Водовод“ посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин сѐ до завршување на санацијата на дефектот од страна на ЕВН Македонија.

Жителите на селото Љубаништа се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЈП „Водовод“ – Охрид.
Како што соопштуваат од претпријатието, од вчера е надвор од функција пумпната станица во селото, бидејќи останала без електрично напојување.
Од ЈП „Водовод“ посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин сѐ до завршување на санацијата на дефектот од страна на ЕВН Македонија.







