Skip to main content

Неколкучасовен прекин на водоснабдувањето на ул „Гоце Делчев“ и сите споредни улици од Воска и Далјан

Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата на дефектот.
 |  инфодеск  | 

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан.

Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.