Прекин на водоснабдувањето на ул. „Гоце Делчев“
Поради дефект на водоводната мрежа без вода ќе бидат жителите на сите споредни улици во три населби кои гравитираат кон ул „Гоце Делчев“.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид.




