Прекини во водоснабдувањето на „Јане Сандански“
Поради приклучување на нова водоводна мрежа, на улицата „Јане Сандански“ ќе има неколкучасовни прекини во водоснабдувањето.
| | Охрид
На улицата „Јане Сандански“ во тек е приклучување на повеќе објекти во новата водоводна мрежа и во наредниот период додека трае реконструкцијата на улицата секојдневно ќе има неколкучасовни прекини во водоснабдувањето со времетраење од 09:00 часот до завршување на работите.
Од „Водовод“ информираат дека во зависност од потегот каде се работи, можни се прекини и на улиците: „Галичица“ , „Карпош Војвода“, „Мирче Ацев“, „Ванчо Питошески“, „Лазо Трпоски“ „8-ми Септември“, „Асном“ и „Никола Карев“.