Прекопана улица, паркинг со наплата
Наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ се жалат на прекопана улица во центарот на градот каде од неодамна е поставена табла за наплата на паркинг. Сликата ни ја испрати Никола Паункоски, а ова е неговиот коментар:
Се работи за ул. „Македонски Просветители“, од кружниот тек до бивша стоковна Слобода.
Пред скоро 2 години во комшилукот се изградија две згради оддалечени можеби 29 м. Луѓето, како што кажвет, платиле на општина за дозвола за инсталација за вода, се ископа улицата, се поставиле цевки, се затрпале и така остана не асфалтирано или поплочено. На суво се крева прашина, на влажно кал, не може убаво да се зачисти. И сега кого да прашаш: обврска не била на инвеститорите, ни на Водовод, ни на Нискоградба, ни на Фонд за локална…Арно ама се сетиле да наплаќет паркинг и така над земја офарбаја паркинзи, ставија табла и наплаќет. Ги фати срам и ги тргнаа касиерите, ама кој ќе се најде будала по таблата си плаќа со порака. За земање пари сите се тука, за извршување обврски никој – вели Паункоски за „Ти си твојот град“.