Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.
Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.
Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија, Егејска Македонија, Повардарието, класиката на македонскиот фолклор.
Уметничкиот раководител на Отекс фолк, Димче Трајчески, со нескриени емоции ги пофали своите играорци и играорки кои неуморно тренирале два и пол месеци за концертот. Најредовни биле поранешните ученици кои изиграле како никогаш да не престанале со кариерата како фолклористи. Покрај многубројната домашна публика ,на јубилејниот концерт присуствуваа и гости од странство. Свој настап имаа фолклористите од КУД „Јана“ од Земун, а меѓу гостите беа ФА „ Шиљаковина од Велика Горица кај Загреб. Снимка од концертот ќе се емитува на програмата на Регионална ТВМ телевизија во текот на оваа недела за што гледачите ќе бидат дополнително информирани.