Skip to main content

Прекрасни кукли во народни носии изработени од пластични шишиња и рециклиран материјал

Прекрасни кукли во народни носии изработени од пластични шишиња и рециклиран материјал. Тие се резултат на креативноста на наставниците и учениците од ОУ „Кочо Рацин“. Наставничките и некои од учениците на крајот од месецов да учествуваат на фестивалот кој ќе се одржи во Бања Вруци во Р. Србија и ќе бидат единствените учесници од Македонија во категорија креативни работилници.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Креативноста на наставниците и учениците од ОУ „Кочо Рацин“ нема граници. Тие од пластични шишиња и рециклиран материјал изработиле прекрасни кукли во народни носии.

Проектот „Креативна работилница“ години наназад се спроведува во ова училиште, но идеата за ваквите изработки е на две колешки кои сакале да покажат каква е примената на куклите во образовниот систем.

Бидејќи тоа е едно мое хоби со кое во слободно време со задоволство се занимавам, дојдов на идеа како можеме да направиме и со ученициве нешто интересно што не се прави во секое училиште , а го нема и во државава. Наместо да ги фрлаат пластичните шишиња да ги искористиме за нешто навистина убаво. Децата беа воодушевени, вели Љубица Чифлигароска- одделенски наставник.

Куклите ги изработувале на часот по ликовно образование и на нив работеле речиси еденмесец. Часовите биле вистинско уживање и за децата и за наставниците.

Изработката на куклите е од најразлични материјали водена од непресушната имагинација на децата. Бидејќи реализацијата на идејата да се направат кукли во народни носии од предмети кои се среќаваат во секојдневието беше многу успешна не поттикна да се пријавиме на 13 тиот креативен меѓународен фестивал, Виолета Петковска- одделенски наставник.

Комисијата која ги разгледувала изработките воодушевена од нивната оригиналност ги поканила наставничките и некои од учениците на крајот од месецов да учествуват на фестивалот кој ќе се одржи во Бања Вруци во Р. Србија и ќе бидат единствените учесници од Македонија во категорија креативни работилници.