Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, поизразен во западните делови.
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Температурите во Охрид од 6 до 19 степени Целзиусови.