Skip to main content

Преку ЕУ фондови ќе се подобрува прекуграничната соработка

Градоначалникот Јован Стојаноски денеска имаше работна средба со Никола Бертолини раководител на секторот за соработка  на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

 |   | 

Градоначалникот Јован Стојаноски денеска имаше работна средба со Никола Бертолини раководител на секторот за соработка  на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. На средбата се разговараше за  прекуграничната соработка  и искористување на ИПА програмите на Европската Унија  во областа на земјоделството и руралниот развој, образованието, како и за конкурентноста и економското окружување.Посебно беше потенцирано дека е потребна зголемена соработка со невладиниот сектор кој со  нивните активности видно придонесува за развој на граѓанското општество.