Skip to main content

Преку лажен фејсбук профил, полов напад врз малолетник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад  врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И. (25) од Охрид. Основниот суд Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад  врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И. (25) од Охрид. Основниот суд Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

полицијаВо почетокот на ноември минатата година, пријавениот креирал лажен фејсбук профил „Kikolo giko“  по што набрзо се воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација, сега притворениот И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат. Притоа си разменале и телефонски броеви.

По неколку дена, оштетениот малолетник и пријавениот, во телефонски разговор се договориле кога и каде лично да се запознаат. Нивната средба се случила кога оштетениот после училишните часови пристигнал пред куќата и заедно се упатиле на третиот спрат.

Тука, сега притворениот И.И. се обидел со убави зборови да го одоброволи малолетникот на орален чин а потоа му упатил  заканителни зборови и го приморал тоа да го стори. По кратко време, на ист начин сега притворениот И.И. извршил полово дејствие врз оштетеното малолетно лице. Со ветување дека ќе му даде мобилен телефон, притворениот И.И. до 25-ти декември минатата година остварил уште неколку исти средби со малолетното лице.

По пријава од мајката на малолетникот и во нејзино присуство, СВР Охрид во консултација со основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, изврши разговор со оштетениот малолетник и неговите законски застапници.

СВР Охрид изврши претрес во неговиот дом од каде одземени се повеќе предмети а на 5-ти овој месец извршено е препознавање на сега притворениот И.И.  

{loadposition content9}