Skip to main content

Прелевања во колекторот поради високиот водостој на Охридското езеро

Директорот на МЈП Проаква, Златко Старкоски вели дека со испуштањето на водата од Охридското Eзеро, се зголемува нивото на водата во реката Црн Дрим, што доведува до прелевања во колекторскиот систем.

 |  Мишел Наумоски  | 
poplavi prepumpna
поплави препумпна

МЈП Проаква деновиве со полни раце работа. Високиот водостој на Охридското Eзеро прави проблеми во функционирањето на колекторскиот систем. Од МЈП Проаква велат дека ситуацијата е алармантна веќе неколку денови, а предупредуваат дека доколку продолжат врнежите таа ќе стане уште посериозна.

poplava kolektorДиректорот на ова јавно претпријатие, Златко Старкоски вели дека постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите мерки кои се во рамките на нивните можности како не би дошло до поголеми прелевања во колекторскиот систем и поплави.

„Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со целосно образложение на состојбата на колекторскиот систем каде што во моментов ни се јавува еден проблем да нивото на Дримот со преголемото испуштање на водата од Охридското езеро се зголеми нивото на водата во Дримот. Со тоа ги поплави цевките каде што се испушта пречистената вода од колекторот во Дримот.“-рече директорот на МЈП Проаква, Златко Старкоски.

Podmolje prepumpnaСега засега, Старкоски вели дека ситуацијата ја држат под контрола со регулирање на работењето на пумпните станици. Потенцираше дека со ваков проблем се соочуваат и во соседна Струга и повеќе околни населени места.

„Најголем проблем ни е точно оваа пумпна станица кај Подмоље каде што мора еден вентил да користиме кој не е природен, но мора да го користиме, тој вентил се користи само во оние кризни денови, не секогаш, како ноќеска и во текот на денов за едноставно некое поголемо отпуштање на водата како да го санираме. Ако тоа не го направиме, од областа Андон Дуков до Далјан и цела населба Воска ќе биде под огромна поплава.“-вели Старкоски.

Мерките кои сега се преземаат според Старкоски се само краткорочно решение. Тој вели дека за целосно решавање на овој проблем, и со водостојот на Охридското Eзеро, и со состојбата во реката Црн Дрим но и воопшто со функционирањето на колекторскиот систем, мора да се направат поопсежни анализи и да се понудат посоодветни решенија кои би морало да бидат финансирани од државата.

{loadposition content9}